Македонски Народни Приказни

Македонски народни приказни - допир со историјата, културата и традицијата на нашиот народ


Првата сезона на ,,Македонски народни приказни”, e започната во 1984 година и секоја епизода од истата носи своја порака. Маестралната актерска екипа ја сочинуваат 20 актери кои преку улогите на селанец, чорбаџија, арамија, ѓавол, кадија, цар, еким, светец, Бог и многу други, силно продреа во нашите срца и засекогаш оставија траг.

Најпрепознатливата четворка ја сочинуваат единствените: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски. Благодарение на овие македонски легенди многу млади генерации го доживеаа вистинскиот допир со историјата, културата и традицијата на својот народ.

Дел од приказните кои ќе ги сретнете може ќе ви бидат веќе добро познати, а виновникот може да го најдете меѓу вашиот дедо, баба, мајка или татко...

© Сите права задржани
℗ Забрането е секакво превземање и прикачување на други канали