Deluks Distribution

Делукс Дистрибуција ДООЕЛ е приватна фирма основана во 2003 година. Нашата фирма се занимава со дистрибуција на безбедносна опрема, сеопфатно, од безбедносни камери, алармни и противпожарни системи, брави, контролeри за работно време па се до мотори за лизгачки порти. Со квалитетни продукти и стручно и професионално вршење на дејноста , денеска Делукс Дистрибуција успеа да стане една од водечките фирми на територијата на Македонија во оваа дејност.
Нашата компанија е авторизиран дистрибутер на светскиот професионален кинески бренд за безбедносна опрема Dahua Technology. Исто така застапници сме и за бугарскиот бренд за алармни и противпожарни системи од Teletek Electronics како и италијанскиот бренд за мотори за лизгачки порти Vimar.
Располагаме со голем лагер на производи по најконкурентни цени.
Секогаш сме пријателски расположени за нови соработници (дилери,инсталатери, компании или фирми) кои што ќе ги супортираме со безбедносна опрема.