Na Ista Strana

“На иста страна” e теренска емисија во која соговорници од различна вероисповест дебатираат за позитивните вредности на религијата. Отворено ќе се разговара за предрасудите и како да се отстранат. За почитта и толеранцијата кон различниот од себе.

Поентата и крајната цел на емисијата е да се испрати порака дека сликата во која свештеникот од една верска заедница и имамот од другата, заеднички на улица или каде било, не треба да биде вест, туку вообичаено секојдневие.

Секоја вера и религија во својата чиста и изворна форма е богољубие и праводљубие. Почитта кон другиот е почит за себе.

Македонија има примери каде комуникацијата, почитта, блискоста на различните, со години во историјата, изградиле правилни вредносни столбови кои денеска се пример за тоа дека различната вера и религија е обединувачи елемент на соживот.

На таквите парцијални примери од некои средини е потребно да им се даде вредносно признание, преку нивна инкузивност во сите останати средини во Македонија.