Institut za folklor „Marko Cepenkov“ - Skopje

Јавната научна установа Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје е една од најстарите институции во Република Македонија. Основан е на 6.4.1950 година со Уредба број 1183 на Владата на Народна Република Македонија, по предлог на Министерството за наука и култура (Сл. весник бр. 11/50), како самостојна научна институција од посебен национален интерес. Тогашното именување е: „Фолклорен институт на НРМ“.