SUNILENS

Ние имаме 30 годишно искуство како лидери во трговијата со рафинирани растителни масла, индустриски маргарини, прехранбени суровини и полупроизводи во Македонија. Во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање и третман на отпадни масла и масти за јадење од растително потекло како прва овластена и лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина за оваа дејност во Македонија. Преку вршење постојана едукација на секој создавач на отпадни масла за јадење како и воспоставување на модерни системи во управувањето и трговијата со неопасен отпад, ние веќе неколку години наназад сме сертифицирани за оваа дејност и на ниво на ЕУ - ISCC EU certification.

Следете го нашиот YouTube канал за да бидете во тек со нашите нови еко проекти за собирање на отпадно масло за јадење и едукативни кампањи за подигнување на јавната еколошка свест.