KINOTEKA

Официјален YOUTUBE канал на КИНОТЕКА.
Кинотеката има за цел да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали.
На 29 април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотеката на Македонија. Официјално, Кинотеката ја започнува својата работа во 1976 година, како институција од посебен интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.
Кинотеката е членка на Меѓународната федерација на филмски архиви (FIAF) и на Европската асоцијација на кинотеки (ACE).