Благој Ламњов со својот кларинет ја шири музиката во светот
Автор: Види Вака
Загружено: 2020-12-29
Просмотров: 208
„Многу ме допре еден човек, ми пиша: „Триесет и два дена бев во болница, заразен од вирусот и четири-пет часа на ден го слушам албумот, ме смируваше и ми помагаше да ги издржувам деновите.“ Благој Ламњов (кларинетист)
Благој Ламњов со својот кларинет од Велес до Шведска ја шири класичната и македонската традиционална музика
Петнаесет години живее и работи во Шведска
Таму и го создаде првиот албум „Носталгична љубов“
„Многу експериментирав, долги години, за да јас веќе бидам сигурен дека албумот ќе биде прифатен позитивно на интернационално поле, но и на домашното. Јас успеав со овој албум да донесам публика која никогаш претходно не слушала кларинетски албум, дома или во кола. Се работи за неколку илјади луѓе кои редовно го слушаат мојот албум.“ Благој Ламњов (кларинетист)
Со оркестарот на Норшепинг во Шведска ја отсвири македонската традиционална песна „Сербез Донка“
„Ете таа „Сербез Донка“ што ја отсвирив во Шведска со симфонискиот оркестар на Норшепинг, створи едно добре дојде на нашите низ светот, се почувствуваа добре дојдени во светот. Од друга страна, нашите кои живеат во Македонија, се почувствуваа дека не се заборавени од светот, дека некој мисли на нив.“ Благој Ламњов (кларинетист)
Ламњов има работено во Операта на Малме и Градскиот театар на Стокхолм
Предавал во неколку образовни институции во Шведска
Како и на најстариот универзитет во Северна Европа, Лунд и Универзитетот во Гетеборг
„Продолжувам со работа на вториот албум „Nostalgic love 2“, ќе оди во истиот правец како првиот албум. Операта на Малме, имам неколку месеци веќе потпишано за следната сезона, да работам за нив. Во Македонија ќе си идам често, како и досега. Доаѓам некогаш пет-шест пати во годината, си имам зацртано во главата дека јас живеам во Македонија, само одам во Шведска.“ Благој Ламњов (кларинетист)
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: