Паметниот и оправдан активизам, кога-тогаш државата ќе го слушне | Денис Јанкуловски
Автор: Рацин.мк
Загружено: 2025-11-23
Просмотров: 58
Денис Јанкуловски, познат како Космонаутко, иначе медицински техничар во Центарот за јавно здравје во Скопје, пошироката јавност веќе го препознава како активист кој претставува пример што инспирира, кој покажува дека секој човек практично може да најде начин и да го практикува граѓанскиот активизам.
Она што започна како лична иницијатива за поддршка на децата со атипичен разво, доби голема видливост, голем борј поддржувачи, и ја шири својата активност.
Јанкуловски вели дека секој може да се вклучи, да биде активист. Само треба желба и да се отфрли стравот и стигмата. Активизмот, вели тој, не треба да го запрат заканите и реперкусиите, а човек треба да биде гласен ако е во право.
Лицата со атипичен развој ги имаат сите права како и ние, вели Јанкуловски во ова интервју и никој ниту може да им ги одземе, ниту да им ги даде. Тие им се дадени. И затоа, нагласува тој, треба да бидеме гласни во име на немоќните, тие заслужуваат да бидеме гласни.
Паметниот и оправдан активизам, кога-тогаш државата ќе го слушне, е неговата порака.
Со Денис Јанкуловски Космонаутко, разговараше Зоран Бојаровски.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: