ДЕПРОГРАМА ЕП 12 - Поглед кон иднината
Автор: Гласни идеи
Загружено: 2024-12-24
Просмотров: 334
Во 12-тата епизода на Депрограма, Александар, Здравко и Зоран дискутираа за тоа што не' очекува во иднината на политичко/економски план. Имајќи ги предвид активните вооружени конфликти низ светот во пресрет на новата 2025 година, другарите дискутираа на повеќе теми како:
👉 Зошто мнозинството држави низ светот одвојуваат се поголеми буџетски средства за вооружување, наместо за образование и здравство? Зошто работниците ја прегрнуваат својата нација пред својата класа кога се соочени со нужноста од избор, наместо досегашната незаинтересираност или неутралност?
👉 Дали светот се движи кон Трета светска војна или кон завршување на активните регионални војни преку мировни договори? Од какво значење за оваа дилема е вториот мандат на Трамп на позицијата претседател на најмоќната НАТО членка (САД) и очекувањата од претстојните избори во најмоќната држава на ЕУ (Германија).
👉 Која е улогата и силата на обичниот човек, но и на револуционерната левица ширум светот за справување со претстојните предизвици? Што следува? Реанимација на либерализмот, социјализам или варварство? И зошто капитализмот сам по себе веќе стана најголема опасност за животите на луѓето и за самата планета...

Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: