TALE Ognenovski = Тале Огненовски 1999
Автор: :јанко МАКЕДОНИЈА :janko MACEDONiA
Загружено: 2024-10-16
Просмотров: 272
Интервју на Љупчо Јолевски со Тале Огненовски, 1999 г. Македонско Радио 1. Зборува Радио Скопје, Од Архивата на Македонското Радио.
авторски права: Љупчо Јолевски = Македонско Радио.
видео + аудио спој и обработка: __,_❁
MRTv1: https://play.mrt.com.mk/live/47
http://www.taleognenovski.mk/
=Тале Огненовски (27.04.1922 = 19.06.2012) ги постави темелите на македонската традиционална музика за кларинет и ја оформил рамката за тоа како треба да изгледа македонското народно оро за кларинет... Тале Огненовски е роден во битолското село Брусник во 1922 год. во семејство каде музиката се пренесува од колено на колено, а музичката жица ја наследува од прадедо му Огнен кој одлично свирел кавал, потоа дедо му Ристе кој исто така свирел кавал, а татко му Јован одлично свирел на гајда. -Тале Огненовски се смета за основоположникот на македонската традиционална музика за кларинет. Првиот контакт со кларинетот го имал на 15 годишна возраст на една прослава во Брусник, на иницијатива на родителите и со помош на локалниот поп Спасе, биле собрани средства и од словенечкиот град Цеље на Тале му бил купен и подарен професионален кларинет. Од тогаш или од 1946 до 1951 год. Тале Огненовски свирел во битолската околија, во битолските културно уметнички друштва „Светлост“, „Стив Наумов“ и „Илинден“, а често настапувал во живо во програмата на Радио Битола која била најслушана кога тој настапувал со својот кларинет, раскажува професорот Трајковски. Во 1951 година на фестивал во Опатија-Хрватска, освојува прва награда, во 1956 година почнува да работи во Ансамблот „Танец“ во Скопје.
=Тале Огненовски првата своја грамофонска плоча ја снимил во 1963 г. настапувајќи како солист и во придружба на оркестарот Галевски-Нанчевски. Снимките биле направени во студиото на РТВ Белград и за прв пат се слушаат ,,Битолско свадбарско оро“, „Битолско оро“ и „Пелистерско оро“. Во 1965 г. прмовира уште 1 грамофонска плоча со неговите „Преспанско оро“, „Кумово оро“, „Деверово оро“ и „Диховско оро“, а со формирањето на неговиот „Тале Огненовски Оркестар“ како придружба учествува во проекти на истакнати вокални интерпретатори како што се Пепи Бафтировски, Ристе Пулевски, Анка Гиева, Александар Сарев и многу други. Но, кларинетот на Тале Огненовски се забележува и во песни на Васка Илиева, Никола Бадев, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Кирил Манчевски и други, посочува авторот Трајковски. Богата е домашната архива на семејството Огненовски каде грижливо се чуваат бројните награди и признанија здобиени во текот на неговата музичка кариера. Тале Огненовски за време на Втората светска војна бил и активен партизан, борец на Народно ослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“, а од 20 декември 1943 година и дел од Втората Македонска ударна бригада.- За учеството во Втората светска војна, Тале Огненовски е награден со „Орден за храброст“, а во 1966 година добива „Орден на братството и единството“ со сребрен венец, признание доделено со Указ потпишан од Јосип Броз Тито, како и „Орден на заслуги за народот“ со сребрена ѕвезда, благодарницата од Комисијата за одбележување на 600-годишнината од основањето на селото Брусник, награди за животно дело и секако најголемото признание, наградата „11-ти Октомври“ која му беше врачена во 2oo3 година, а од 2012 година до крајот на својот живот беше носител на признанието „Национална пензија“ за придонес во македонската култура. Издавач на книгата „Тале Огненовски, основоположник на македонската народна музика за кларинет“ од авторот п-р м-р Благојче Трајковски е НУ Центар за култура Битола. На 270 страници, Трајковски низ одличен анаратив и фото илустрации го афирмира творечкиот опус и на најдобар можен начин ја одбележува 1О0 годишнината од неговото раѓање. Пр.м-р Благојче Т. од Битола, работи како наставник по кларинет во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и е доцент на Музичката Академија во Штип на отсекот за Чалгиска музика. Со најновото авторско дело ја потврди својата успешна истражувачка и педагошка работа, но и мисија за зачувување на македонското музичко богатство, а како професионален кларинетист даде директен придонес за македонскиот кларинетизам.
Битола 31.7.2022 (https://mia.mk/) Марјан Танушевски.
intervju TALE Ognenovski - 1999. Makedonsko Radio 1
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: