ТИРЗ потпиша Меморандум за економска соработка со Јапонија
Автор: Дирекција за TИРЗ - Directorate for TIDZ
Загружено: 2024-03-25
Просмотров: 57
🇯🇵 🤝 🇲🇰 Добри дискусии, вмрежување со македонски компании и стартапи, претставен потенцијалот за соработка и можностите за инвестиции во Македонија, силни импулси и пред се многу ентузијазам за иднината! 🚀 Вака може да се сумира тридневната посета на високата јапонска делегација, предводена од генералниот директор на Јапонското министерство за економија, трговија и индустрија, Такехико Матсуо Директорот на ЏЕТРО Виена, Татсуо Камино, а во која беа претставници на повеќе јапонски компании која ја организираше #ТИРЗ заедно со Embassy of Japan in North Macedonia и амбасадорот Казука Оцука.
📝 Потпишавме и Меморандум за економска соработка помеѓу #ТИРЗ и #JETRO што означува почеток на заеднички напори за унапредување на можностите за инвестирање и соработка во различни сектори.
👥 Имаа можност да ги слушнат и искуствата на странските инвеститори во земјава. Делегацијата посети компании во ТИРЗ, меѓу кои беа Линамар, Гересхајмер и Јагео.
💼 Одлична средба за вмрежување меѓу јапонски и македонски компании членки на Стопанска комора на Северна Македонија, со цел поттикнување на соработката, истражување потенцијални партнерства, запознавање и размена на идеи.
🖥 Посетата на Факултетот за компјутерски науки и инженерство во Скопје, ФИНКИ, го покажа растечкиот технолошки потенцијал за соработка во дигиталната област.
🌆 Нашите гости имаа можност да се запознаат и со македонската култура и традиција.
🚢 Посетата ја завршивме на пристаништето во Солун, Грција, нагласувајќи ја стратешката важност на инфраструктурата за поттикнување на економскиот раст и соработка.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: