Дали очекувате ново поскапување на основните производи поради повисоката цена на струјата?
Автор: Црвена Линија / Crvena Linija
Загружено: 2025-12-18
Просмотров: 163
Предлогот на ЕВН Хоум е цената на електричната енергија да се зголеми за околу 6 проценти. Компанијата тврди дека во пресметката се вклучени сите релевантни параметри – повисоката цена по мегават-час од ЕСМ, новите трошоци за пренос и дистрибуција, како и законската маржа за универзалниот снабдувач. Според ЕВН, доколку се пресметаат и старите, одложувани трошоци, поскапувањето би било уште поголемо.
Од друга страна, граѓаните велат – и ова зголемување е премногу. Струјата формално не е социјална категорија, туку пазарна услуга, но во пракса таа е една од најчувствителните социјални теми. Секое нејзино зголемување директно го погодува животниот стандард – не растат само сметките, туку и цените на храната, услугите и основните производи. Компанијата вели – пресметките се оправдани. Граѓаните велат – товарот е преголем.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: