Никола Тодороски - Министер за Комедија - Дебели Гикови С03Е14
Автор: Дебели Гикови
Загружено: 2026-01-22
Просмотров: 2391
Никола Тодороски - Министерот за Комедија - Дебели Гикови Подкаст С03Е14 🎤📺✨️
Во најновата епизода на Дебели Гикови Подкаст имаме огромна чест што ни гостува Никола Тодороски – актер и стендап комичар со кој направивме разговор што (нормално) заврши во многу смеа… и уште повеќе смеа. 😄
Како што налага нашата рубрика „Од раѓање до доаѓање на подкаст“, се вративме на самиот старт: детството, првите искуства, па сè до моментите кога почнува да се гради патот кон актерството и стендапот 🕺
Зборувавме за првите чекори во кариерата, за тоа како изгледа кога хуморот станува професија, и што значи да се фати публика, и на сцена и пред камера 🎨
Посебно се задржавме на убавината и уметноста на стендапот: каде се раѓаат шегите, како се гради сет, што е најтешко (а што најслатко) во моментот кога си сам на сцена и мораш да ја „носиш“ енергијата.
И за крај, рубриката што ја обожаваме: „Прашања од фанови“, ама овојпат фановите беа најблиските! 😅
Директно од луѓето што го знаат Никола најдобро, добивме прашања и анегдоти што ги имаат слушнато само „внатрешните“, приказни што нè расплака од смеење и ни дадоа баш личен, топол шмек на епизодата.
🎙️ Епизода полна со хумор, анегдоти, стендап мудрости и чиста енергија.
✨️ Луѓето без кои Дебели Гикови Подкаст нема да има шарм:
🍔 Fat Kitchen Bistro / fatkitchenbistro
🎲 Гоблин Гејмс / goblingamesmk
🧑💻 Base42 / 42dotmk
🎂 Bento Bloom Cakes / bento.bloom.cakes
🪽 Red Bull Македонија / redbullmakedonija
#ДебелиГикови #ДебелиГиковиПодкаст #НиколаТодороски #NikolaTodoroski #DebeliGikovi
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: