(09) ПРЕСИНГ: Ексклузивно со ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ - „Без влакна на јазикот“ - РЕД СПОРТ, РЕД ПОЛИТИКА!
Автор: PRESING
Загружено: 2025-10-31
Просмотров: 5214
🎙️🎥 ЕПИЗОДА ДЕВЕТ ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“
📍 💬 Во деветтата епизода на ПРЕСИНГ ексклузивен гостин најголемиот ракометар на сите времиња – ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ. Човекот со најголем број освоени титули во историјата на екипните спортови во светот. Како играч, трократен европски клупски шампион, златен и бронзен медал од Олимписки игри, светски и европски шампион со Југославија, а на сето тоа како тренер и селектор, светски шампион со младинската селекција на Србија во 2005, бронзен на Светското првенство 2017 со селекцијата на Словенија и полуфиналист на Олимписките игри 2000 со селекцијата на СР Југославија. И уште бројни, бројни, титули во националните шампионати со клубови и репрезентациите за кои настапувал како играч и ги водел како тренер.
Човек што или го сакате или не... кај кого нема средина. Човек што секогаш е директен, реален, човек со став што не премолчува, без разлика дали тоа им се допаѓа на другите или не...
Легенда како ниту една друга, со бројни блескави моменти како играч, но и како тренер, но за нас, посебно драго, и блиску поврзана со македонскиот ракомет со години и години наназад. Човекот кој со доаѓањето во 2006 година во Македонија, експресно станувајќи миленик на вардаровите „Комити“ и тоа како помогна ракометот да се издигне во спорт број еден во Македонија!
📍 💬 ОТВОРЕНИ РАЗГОВОРИ ЗА КОМПЛЕТНИТЕ СОСТОЈБИ НА БАЛКАНОТ – РЕД СПОРТ НО И РЕД ПОЛИТИКА!
=============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! ===========================================
РАЗГОВОРИ ЗА...
01:44 – Најава за најтрофејниот ракометар во историјата – Човекот кој е неразделен дел од македонскиот ракомет!
02:30 – Вујовиќ: Ова што го гледам тука во „Спортс бир гарден“ во Дајмонд мол, го нема никаде на овие простори во поранешна Југославија. Прекрасен спортски музеј за восхитување!
03:30 – Кои се омилените места и лица на Веселин Вујовиќ во Скопје?
05:00 – За Лино Червар....., повторно средба на јубилејот 20 години на Спортско радио 90,3
06:30 – Вујовиќ: Никогаш не би можел да тренирам друг клуб во Македонија, освен Вардар!
07:47 – За некогашниот ривалитет меѓу Вардар и Металург... За ривалитетот и со Лино Червар!
09:55 – Најказнуваниот тренер во Европа, секогаш „без влакна на јазикот“
11:30 – „Комитите“ секогаш беа и се играч повеќе за Вардар!
17:00 – За ракометот некогаш и сега...! Дали е подобар Веселин Вујовиќ од осумдесеттите години на минатиот век, или Карабатиќ и Лазаров од овој век!?
18:48 – Зошто сега ракометот на Балканот заостана зад оној скандинавскиот, или германскиот и шпанскиот?
23:23 – Зошто од просторите на поранешна Југославија веќе нема ниту еден клуб кој нешто значи во Европа?
26:00 – Дали Веселин Вујовиќ некогаш имал понуда да биде дел од оној Вардар на Сергеј Самсоненко?
29:20 – Како дојде одлуката во 2006 година да дојде во Македонија и да остане цели шест години во Вардар
31:51 – Како успеа да го донесе Стојанче Стоилов од, тогаш, најголемиот ривал Металург во Вардар?
33:40 – Трансферот на тогаш анонимниот Игор Карачиќ кого Вујо го доведе во Вардар!
36:03 – Како течеа подготовките за едно дерби меѓу Вардар и Металург во тоа време...
42:04 – Како стана миленик на „Комитите“ и моментот кога спасуваше навивач на Вардар пред полицаец во салата „Кале“
45:35 – За големиот инцидент во Битола, како играч, на дуелот меѓу Пелистер и Металопластика во Првата лига на Југославија
52:30 – Мислењето за Кире Лазаров и неговата работа како селектор на Македонија и за новиот ракометен клуб Алкалоид кој е веќе рамо до рамо со Вардар и Пелистер во македонскиот ракомет
58:25 – Дали се соочува со притисоци во Србија откако јасно даде поддршка за студентските движења против претседателот Александар Вучиќ?
01:02:25 – Што се случува со спортот во Србија на репрезентативен план? Ракометот го нема никаде, кошаркарите потфрлија, фудбалерите се далеку и од бараж за Светско првенство, одбојката тоне...!
01:04:30 – Веселин Вујовиќ, Новак Ѓоковиќ, Дејан Бодирога.... и еден куп спортисти сме тие кои ќе сме „рушеле“ држава...!
01:07:30 – Дали повторно би се вратил во македонскиот ракомет?
=================================================================
Заследи нѐ и на: 👉 Web ekipa.mk
Facebook facebook.com/ekipa.mkd
Facebook facebook.com/redakcijaekipa.mk
Instagram instagram.com/ekipa.mk
==============================================
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: