Иновација– музичкo - танцов перформанс /Анастасија Центар //TEASER INNOVATION - ANASTASIJA CENTER
Автор: Anastasija Center
Загружено: 2023-11-15
Просмотров: 221
Mузичко – танцов перформанс ,,Иновација” на Анастасија Центар
Кореографија, режија и музика потпишува Стефанија Милевска Враниќ
Музички соработници: Павел Талевски/ тапани, Владимир Враниќ/ гитара.
Танцов перформанс, во кој земаат учество млади и возрасни танчери, музичари и изведувачи на возраст од 16 – 65 години: Екатерина Мицевска, Глориа Петковска, Сања Лазаревска, Стефанија Милевска Враниќ, Наташа Апостоловска, Анастасија Зулевска, Бојана Артиновска, Павел Талевски, Јован Ристевски.
***
Танцовиот перформанс е паралела на два света, кои според емоционалната зрелост и искуство се тотално далечни, а поврзани се редоследно еден по друг. Мотивот е филозофија на животот и неговите вредности.
Паралела на битолски животни приказни, на луѓе кои функционираат, творат и живеат во Битола, место кое е посебно на свој начин.
Свет на возрасни и на млади кои веќе преминуваат во светот на ворасните и имаат безброј неодговорени прашања, за кои возрасните веќе го имаат одговорот, но ја загубиле смислата.
Кога е душата среќна и исполнета? Каков свет оставаат возрасните за младите? Дали тој свет ги воспитува на вистински вредности или на површност и оттуѓеност, пред се оттуѓеност од сопствената душа?
Кога живееш во своето родно место, го правиш тоа што навистина го сакаш и имаш инспирација да твориш, да создаваш и да се радуваш на животот.
На тој начин поврзан со својот корен, со својата душа, ти создаваш иновации. Иновации кои се рефлектираат надалеку и вибрираат додека не постигнат промени во денешното живеење.
Каде се наоѓа иновацијата? Кај младите или возрасните?
Дали сеуште постојат иноватори?
Да го подобриме светот во кој живееме, започнувајќи од себе, пренесувајќи на другите, учејќи ги младите, разбирајќи ги возрасните. Да започнеме од домот свој, од градот свој, од земјата своја.
***
Камера: Сашо Богоевски
Видео: Welcome to Stefanija's Music World
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: