#ИднинатаПочнуваДома
Автор: Дирекција за TИРЗ - Directorate for TIDZ
Загружено: 2024-02-15
Просмотров: 370
Дино Имери (1990) или “волшебникот на пијаното” (француски OPS Magazine) е еден од најреномираните македонски пијанисти и професори. Со огромен успех настапува на престижни сцени низ светот, а неговите уметнички креации не ја оставаат рамнодушна публиката и критиката.
Прогласен е за Најдобар Уметник на УКИМ (признание кое се добива еднаш во кариерата) и рангиран е во десетте најдобри европски пијанисти. Лондон, Рим, Кан, Стразбург, Бари, Љубљана, Загреб, Белград, Софија се само дел од градовите вклучени во богатата концертна агенда каде Имери го прикажал својот “рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника, инструментална култура и неверојатна слобода со еден неверојатен интерпретациски квалитет” (Е. Дочева, Kultura.bg), а соработува редовно со еминентни оркестри, диригенти, инструменталисти, пејачи, мултимедијални артисти и други.
Со петнаесет години блескава концертна дејност позади себе, Дино Имери го пренесува своето знаење и искуство на младите како вонреден професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ. Членува во бројни стручни меѓународни комисии и жирија, а за својата хуманитарна дејност се здобил со признанието “Св. Мајка Тереза”.
“Името на Дино Имери е запишано со златни букви” (В. Костоска Пенева, музиколог) во современата македонска и светска пијанистичка историја.
-------------------------------------------------------------------
Симболизирајќи 32 години од нашата независност, иницијативата истакнува 32 значајни личности – 10 номинирани од ТИРЗ и 10 од Стопанската Комора и 12 од граѓаните.
🌐www.idninadoma.mk
„Иднината Почнува Дома“ – иницијатива на ТИРЗ и Стопанската Комора која има за цел да поддржи и извади на површина индивидуалци кои како едни од многуте меѓу нас, се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата нација. Тие се светли примери на луѓе кои успешно градат кариера, започнуваат или наследуваат бизниси и се доказ дека навистина, иднината почнува дома
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: