#13 Перо Арџанлиев | Умен поткаст #13
Автор: 101 Podcast Studio
Загружено: Дата премьеры: 14 апр. 2025 г.
Просмотров: 1 125 просмотров
Гробницата откриена лани во селото Корошишта дава одговори на многу прашања поврзани со погребувањата во Требеништа кои повеќе од еден век се тајна за домашните и за светските археолози. Кои биле луѓето кои живееле во Охридско-струшкиот Регион во 6 век пред новата ера? Одговор на ова и на многу други прашања дава д-р Перо Арџанлиев, кустос-советник во Археолошкиот музеј во Скопје и раководител на ископувањата во Корошишта. Арџанлиев е гостин во #13 епизода на „Умен поткаст“. Премиерата е закажана за 14 април (понеделник) во 19 часот на Јутјуб каналот 101PodcastStudio. Следете нè.
04:15 Зошто златото во археологијата е безвременско?
09:05 Кои биле луѓето што живееле во Охридско-струшкиот Регион во 6 век пред новата
ера?
10:12 До каде се кабинетските истражувања на предметите пронајдени на Корошишта.
14:00 Како шпекулациите во медиумите се одразува на археолошкиот тим што е на
терен?
19:15 Зошто е важно сопствениците на имот на кој има археолошко наоѓалиште да
имаат доверба во институциите и да ги пријавуваат случајните наоди?
22:10 Кое е најнебулозното прашање што го добил како археолог?
26:15 За изложбата „100 години Требеништа“.
29:15 Што сè подразбира пренос на археолошки предмети за изложба од една земја во
друга.
32:30 За реституција на културното наследство.
36:40 За културниот круг наспроти географските граници низ историјата.
38:20 Колкав е потенцијалот на требенишките некрополи.
„Умен поткаст“ е место за инспиративни луѓе и муабети. За оние поединци кои прават разлика во општеството, а не секогаш добиваат шанса да зборуваат за суштинските теми. Ентузијазмот и желбата да зборуваме за теми кои и нам ни недостигаат во етерот ги спои тимовите на Umno.mk и 101 Podcast Studio во овој проект на кој соработуваат: Зоотроп Студио, ФлатФорм Филм и Поп Фото Мк.
Епизода #13
Гостин: Перо Арџанлиев
Водител: Весна Ивановска-Илиевска
Уредници: Весна Ивановска-Илиевска, Сребра Ѓорѓијевска
Камера и светло: Орце Поповски
Режија и монтажа: Бранко Ристовски
Продукција: Бранко Ристовски, Илија Тирицовски
#umenpotkast #уменпоткаст #УмноМк #UmnoMk #101PodcastStudio
➡️ www.umno.mk
➡️ www.zootrop.com.mk
➡️ / @popphotomk
➡️ pixplus.com.mk

Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: