Владата контра својата одлука – таа ќе ги прати кандидатите до Стразбур иако требаше Комисијата
Автор: 360 Stepeni
Загружено: 2025-12-07
Просмотров: 842
Во одлуката за формирање на Комисијата која ги избра кандидатите за судија во Стразбур, пишуваше дека работното тело е тоа кое треба да ја прати листата со кандидатите до Советодавниот панел при Судот за човекови права. Дури откако Панелот ќе се изјасни и ќе го прати своето мислење, пишуваше во владината одлука, Владата ќе се изјасни за кандидатската листа
На таа линија, претседателот на Комисијата и претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, објаснуваше дека листата и образложението за неа ќе ја пратат тие, но преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија
Од Владата, пак, зборуваат за друга процедура и од таа што ја образложи Костадиновски и од таа опишана во владината одлука за формирање на Комисијата. Велат дека МНР ќе го прати мислењето на Комисијата не до Стразбур туку до Илинденска. Па, откако Владата ќе одлучи дали ја прифаќа или не, таа ќе ја прати до Советодавниот панел при Судот за човекови права
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: