Nikola Badev - Macedonian folk singer - medley
Автор: Makedonier
Загружено: 2010-05-15
Просмотров: 4323
Legendary ethnic Macedonian folk singer Nikola Badev
Никола Бадев (1918 1976) е еден од најпознатите пејачи на изворни македонски песни. Освен како пејач, Никола Бадев бил познат и како собирач на народни песни а во 2006 г. е издадена и збирка, промовирана на концерт оддржан во чест на големиот доајен на народната песна.
ој првиот свој настап го имал на Радио Скопје во 1948 г. Всушност, тој настап бил и почеток на една блескава кариера на естраден уметник и една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската песна. Од тогаш тоа ретко грло ги испеа познатите најлирски песни. Пеел за копнежот на вљубените, оживувал ликови и војводи.
Болеста го пресекла во 58-та година, меѓутоа и во тие тешки моменти тој пеел. Никола Бадев замина од овој свет а со својата интерпретација остави неизбришливи траги во нашето творештво, ги испеа најлирските песни, ги разбуди најдлабоките чувства на слушателите и како птица-славеј го прелета светот на кој му раскажа дека на Балканот постои еден народ, мал по бројност, но голем по своето културно, уметничко и историско богатство.
tags:
легендарниот мајстор на староградските и чалгаџиски песни
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: