Elena Golomeova @ Radio Slobodna Makedonija
Автор: Dejan Donev
Загружено: 2015-08-11
Просмотров: 440
Штипјанката Елена Голомеова за осум години од македонските детски фестивалски сцени на „Весело штурче“ и на „Златно славејче“ стигна до оперските сцени во Ница и во Тулон, во Франција. Публиката кај нас ја памети како „Тина татина“, според истоимениот детски хит кој се уште се врти на програмите, како и „Дропки-сопки“, „Дедо бара зелник“ и други, снимени меѓу 1994 и 1996 година. Животната патека ја води кон средното музичко училиште, а потоа кон Ница – Франција.
Елена Голомеова , во класата на професорката Мари Жозе Ролан Гање завршила студии по соло пеење, а потоа и магистратура, по што следувале и првите улоги.
За музиката, улогите и животот на релација Франција – Македонија, ќе говориме денеска во 16 часот на Радио Слободна Македонија, со колоратурниот сопран – Елена Голомеова.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: