[79] Англија - Македонија 2:2 (16.10.2002)
Автор: Македонска Фудбалска Репрезентација
Загружено: 2022-04-29
Просмотров: 6312
16.10.2002, Сент Мери стадион Саутемптон
Натпревар во рамките на група 7 квалификации за пласман на европското првенство во Португалија 2004.
Македонската репрезентација не оствари добри резултати во квалификациската група 7 за пласман на европското првенство во Португалија 2004, но натпреварот во Саутемптон против големата Англија ќе остане вистинска класика.
Македонија: Милошевски, Петров, Седлоски, Васоски, Попов, Гроздановски, Митрески, Шумуликоски, Трајанов, Шаќири, Толески (замени: Пандев, Стојаноски)
селектор: Никола Илиевски
Англија: Симан, Невил, Кемпбел, Вудгејт, Бриџ, Кол, Бекам, Џерард, Сколс, Смит, Овен (замени: Бат, Васел)
Стрелци: Шаќири 10', Бекам 14', Трајанов 24', Џерард 36'
Англичаните во својот најсилен состав очекуваа сигурна победа против противникот за кого не знаеја многу. Но, Артим Шаќири во 10-тата минута се погрижи сите англичани да погледнат во атлас и да дознаат нешто повеќе за Македонија. Искусниот Симан прими гол кој ќе го памети целиот свој живот. Директен удар на Шаќири од корнер кон голот и погодок кој ќе се најде во спортските вести на познатите телевизии ширум светот. Англичаните имаа повеќе од натпреварот, но нашата репрезентација успеа да извади реми од овој натпревар.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: