Во потрага по вистината | Документарен филм
Автор: Вистиномер
Загружено: 2025-12-12
Просмотров: 119
Документарниот филм „Во потрага по вистината“ го прикажува начинот на ширење на дезинформации поврзани со ФИМИ (странско мешање и манипулирање со информации) во регионот на Западен Балкан, кој го сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Филмот ги презентира искуствата и сознанијата на членовите на мрежата за соработка создадена преку проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан“ (https://antidisinfo.net/) и ги прикажува главните патеки и последиците од дезинформациите кои промовираат антидемократски наративи во регионот.
Проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан: Разоткривање на опасните влијанија преку набљудувачко новинарство“ се спроведува од Фондација Метаморфозис (Северна Македонија) во партнерство со Faktoje (Албанија), Центар за меѓународни и безбедносни прашања – ISAC (Србија), Центар за демократска транзиција – CDT (Црна Гора), SBunker (Косово) и UGD Zašto ne / Why Not (Босна и Херцеговина). Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
Следете нè на социјалните мрежи:
✅ Facebook: / antidisinfohub
✅ Twitter: https://x.com/antidisinfonet
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: