Смртта на иван Аљабакот - Песна за Иван Наумов Аљабакот
Автор: VMRO
Загружено: 2026-01-19
Просмотров: 149
Сиво ми сокле прелета, мори девојко,
од това село Белица,
низ това село Ораовец,
мори девојко, над Иванови дворови.
Црно ми писмо донесе, мори девојко,
до Иванови родове.
Во писмото пишуваше, мори девојко,
дека го Иван убиле,
Ивана тој Аљабако, мори девојко,
во това село Белица.
Кога го чула девојка, леле девојка,
бело го чевре искина,
убав ми ѓерѓев искрши, леле девојка,
крвави солзи пророни
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: