Заседата во Ваксинце, раскажува Димче Манчов, Воени Раскази, Епизода 01, генерал Стојанче Ангелов
Автор: Stojanche Angelov
Загружено: 2023-05-03
Просмотров: 11307
Документарната серија “Воени Раскази“ се состои од различни видео интервјуа во кои припадници на безбедносните сили на Република Македонија (Бранители од 2001-та), сведочат за победнички вооружени борби, но и за тешки битки, заседи и други настани во кои загинале, биле ранети или повредени нивни соборци. Сведочат и за сопствените рани, повреди и трауми со кои се здобиле и соочиле учествувајќи во одбраната на Република Македонија од нападот на ОНА (УЧК) во 2001 година.
Целта на овие сведоштва не е да шират омраза. Напротив, ќе се обидеме на еден суров и пластичен начин да ги приближиме ужасите на војната за никогаш повеќе да не ни се повторат.
Интервјуата ги води поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов со бранители од различни единици, непосредни учесници во настаните за кои сведочат.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: