Хаџи Пуља: Скопје има жители коишто не го сакаат, не му припаѓаат и се трудат да му го сменат кодот
Автор: Рацин.мк
Загружено: 2025-08-31
Просмотров: 1070
Во издание на серијалот интервјуа „Имаме неколку прашања на Вас“ го професор Митко Хаџи Пуља, професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, професор со долгогодишно академско искуство.
Хаџи Пуља вели дека вредностите се основата на архитектонскиот простор, не геометријата и дека архитектурата е она што е поддршка на животот. Ако чувствувате дека нешто што е изградено не го поддржува животот, тогаш не е архитектура, истакнува професорот.
Кога зборува за Скопје Митко Хаџи Пуља вели дека во градот има наплив на разнородни интереси коишто го обесцелуваат.
Го прашавме да го спореди Скопје со Љубљана како град кој има апсолутна контрола на својот развој и тоа вели дека некој на политичко ниво одлучил дека Љубљана ќе биде кохерентна и ќе има органски раст. Некој, истиот тој, одлучил дека Скопје ќе биде отворен град и дека ќе може да го насели кој сака, кога сака, како сака.
Неговата оценка е дека Љубљана, во својата затвореност дефинира идентитет. Скопје во својата псевдо отвореност го разградува и тој идентитет што го има.
Со арх. Митко Хаџи Пуља разговараше Зоран Бојаровски
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: