"Overthinking - Модерна верзија на самоуништување" - СебеСложувалка
Автор: СебеСложувалка
Загружено: 2020-08-16
Просмотров: 590
Многу почесто посветуваме време на интелектуалното развивање со цел да бидеме пообразувани и поискусни ,а многу помалце значење придаваме на емоциите и на нашата емоционална интелегенција што не носи во дисбаланс помеѓу она што е во нашата глава и она што е во нашата душа.
1. Два вида на прекумерно размислување – претерано реплицирање на настани од минатото и претерана опседнатост со исходи од настани што сеуште не се случиле односно настани од иднината
2. Разлика помеѓу overthinking и себе рефлексија – себе рефлексијата се однесува на стекнување нова перспектива за одредена ситуација и учење нови работи за себе и за околината (пример за здрава себе рефлексија е психотерапијата каде што луѓето учат нови патерни на размислување и перцепирање на нештата)
Overthinking се однесува на размислување на нешта или ситуации врз кои немаме контрола и поради тоа од него речиси никогаш немаме корист.
3. Најчести причини поради кои премногу размислуваме
Нерасчистени ситуации од минатото, ситуации во кои не сме добиле одговор на прашањата кои сме ги поставиле или пак не сме добиле финално затворање на целата ситуација
Неизвесни ситуации, кога не го знаеме исходот и не знаеме што да очекуваме
Претерано користење на когнитивниот апарат, доколку не го контролираме внесот на информации во текот на денот
4. Tips
Расчистувајте ги ситуациите, барајте одговори, барајте здрав начин на затворање на ситуациите
Ограничете ја неизвесноста преку поставување на рокови
Ограничете го количеството на информации кои минуваат низ вашата глава во текот на денот, особено пред спиење
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: