Миновски алармира: Македонската економија е пред сериозен финансиски тест
Автор: Triling
Загружено: 2026-01-16
Просмотров: 72
➡Сметам дека со ова задолжување се наоѓаме некаде околу 63%, а границата 60%. За вакви економии каква што е македонската треба да се биде внимателен на начинот на којшто се менаџира јавниот долг и задолжувањето. ➡Македонската економија за да може да го сервисира долгот, пред сѐ неопходно е да генерира раст кој ќе биде поголем од овие 3% кој ги имаме за да може да се одржува тој сооднос на нивото на јавниот долг во однос на БДП во рамките на овие предвидени граници, за да се обезбеди одржливост на системот за јавни финансии. ➡Она што е многу битно се стапките по кои се задолжуваме и несомнено е дека стапката на реалниот раст на БДП треба да биде поголема од висината на каматните стапки, за да се обезбеди еден дополнителен аргумент за овие задолжувања“, потенцира Миновски во интервјуто за емисијата Трилинг. ➡ Во просек Македонија троши на пензиски систем од 9 до 10% од БДП, додека дефицитот се движи околу 4 до 5%. Ова претставува посебен предизвик, заради тоа што ја ограничува можноста за некаква креативност во управување со јавните финансии, додава Миновски.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: