Популярное

Музыка Кино и Анимация Автомобили Животные Спорт Путешествия Игры Юмор

Интересные видео

2025 Сериалы Трейлеры Новости Как сделать Видеоуроки Diy своими руками

Топ запросов

смотреть а4 schoolboy runaway турецкий сериал смотреть мультфильмы эдисон
dTub
Скачать

По пауза од 30 години повторно се одржа Пролетен крос на Аџи Тепе - трчаа околу 700 ученици

Автор: Kumanovo News

Загружено: 2025-04-03

Просмотров: 324

Описание:

На Пролетниот крос на спортскиот аеродором Аџи Тепе во Куманово, денеска учествуваа околу 700 ученици од сите основни и средни училишта во градот.

Најмасовна спортска манифестација ја организираше Општинскиот сојуз на училишен спорт, во рамките на својата редовна годишна програма.

„По 30 години повторно ја организираме манифестацијата. Сега ја обновуваме со план и надеж да прерасне во традиционална, како пролетна манифестација. Во есен ја одржуваме традиционалната, празнична Улична трка за Денот на градот- 11 Ноември“, истакна Марјан Нојковски, претседател на ОСУС Куманово.

Натпревари се одржаа во повеќе категории. Учениците од 3 до 7 одделение се натпреваруваа посебно за секое одделение во машка и женска конкуренција. Заедно беа учениците од 8 и 9 одделение, а во посебна категорија беа сите класови од средношколците, во машка и женска конкуренција. Следствено и истрчаната должина беше прилагодена на возраста на секоја категорија- 200, 300, 400, 600, 800 и 1.200 метри.

„Поделбата е направена поради поголема транспарентност, не може исто да истрчаат деца од трето и од петто одделение, со секоја година детето е посилно, појако, помоќно и побрзо стигнува на целта“, објаснува Нојковски, инаку професор по физичко образование во „Кочо Рацин“.

Од третооделенците најуспешни се Милица Митровска, 1 место, Евгенија Трајковска, 2 место и Лејдина Маличи на трето место. Кај машките натпреварувачи прв на целта стигна Дамјан Спирковски, втор Ајан Ајруни и Давид Ангеловски, трет.

„ Имам 9 години и прв пат трчам, интересно беше да се учествува на кросот. Од моето одделение учествував само јас и освоив прво место. Тренирам фудбал, кошарка и пливање, со спорт се бавам 3 години“, кажа Дамјан Спирковски.

Кај учениците од 4- то оддление најуспешна беше Езона Биљани, па Јована Станојковска и Илина Николиќ на трето место, а нивните врсници Дамјан Анастасовски, Стефан Ивановски и Марко Саздовски стасаа по тој редослед на целта.

Кристина Стојановска е првопласирана кај петооделенците, Ангелина Јеремиќ на второ место и Лиана Трајковска на трето место, а кај нивните врсници победи Сергеј Стефаноски, веднаш зад него е Коста Бојковски и Ермаљ Хасани на трето место.

Кристина Стојановска, ученичка на „Магдалена Антова“ освои прво место во категоријата на 5 одделение во трката на 400 метри.

„Се занимавам со спорт- фудбал, пливање и атлетика. Од моето одделение учествуваа и Каја, Ива, Петар Нешовски и Марио, но само јас успеав да освојам медаља. Препорачувам и на другите ученици да учествуваат на кросот следната година, интересно е“, изјави Кристина.

Клара Спасовска најбрзо истрча 500 метри кај учениците од 6 оддление, по неа Вања Јовановиќ и Лана Станковска, а од машките- Бамир Рушити, Лазар Трајковски и Филип Трендафиловиќ, по тој редослед.

Во категоријата на ученици од 7 одделение најуспешна беше Јана Анастасовска, по неа се пласираа Јована Ангеловска и Сара Стојменовска. Нивните машки врсници Јан Вучковиќ, Ахмет Асановски и Лазар Петровиќ беа најуспешни во нивната категорија.

Учениците од 8 и 9 оддление се натпреваруваа заедно, а први на целта стигнаа Софија Величковска, Миа Голубовска и Клеа Петрушевска, а кај машките Ведран Николовски, Кристијан Јакимовски и Михаил Милановски.

Трасата од 1.200 метри за средношколци најбргу ја поминаа Тијана Јовановиќ, Јулија Стојановска и Нева Петрушевска, во женска категорија, и Шкондран Мухарем, Божидар Трајчевски и Михаил Стошевски во машка.

Дел од наградите ги доделија функционери и раководители на општинската администрација. За се да помине во ред беа присутни полициски службеници, екипи на Брза помош, а на секој учесник беше поделена вода.

По пауза од 30 години повторно се одржа Пролетен крос на Аџи Тепе - трчаа околу 700 ученици

Поделиться в:

Доступные форматы для скачивания:

Скачать видео mp4

  • Информация по загрузке:

Скачать аудио mp3

Похожие видео

KOLEJNA WPADKA REALU! BARCELONA ZOSTAJE NA CZELE! GIRONA - REAL MADRYT, SKRÓT MECZU

KOLEJNA WPADKA REALU! BARCELONA ZOSTAJE NA CZELE! GIRONA - REAL MADRYT, SKRÓT MECZU

Животот на Ромите

Животот на Ромите

Предатель в орденах! Как простая учительница разоблачила героя!

Предатель в орденах! Как простая учительница разоблачила героя!

БАЙ ИВАН СМЕНЯ БОЙЛЕРА

БАЙ ИВАН СМЕНЯ БОЙЛЕРА

Ексклузивно ви откриваме коj на македонски јазик ги синхронизира Мемо и Џан од серијата „Близнаци“

Ексклузивно ви откриваме коj на македонски јазик ги синхронизира Мемо и Џан од серијата „Близнаци“

Расслабляющая музыка, исцеляющая от стресса, беспокойства и депрессивных состояний, исцеляет #19

Расслабляющая музыка, исцеляющая от стресса, беспокойства и депрессивных состояний, исцеляет #19

"Nastroje są fatalne” Ukraina w najtrudniejszym momencie wojny. Daniel Szeligowski didaskalia#161

Стајковци: Снага ми се тресе, не ми даваат храна

Стајковци: Снага ми се тресе, не ми даваат храна

Черное море скоро ВСЁ?

Черное море скоро ВСЁ?

БОЛЬШЕ 50? ЭТИ 6 УПРАЖНЕНИЙ ЛУЧШЕ, ЧЕМ ХОДЬБА — ДЕЛАЙТЕ ДОМА!

БОЛЬШЕ 50? ЭТИ 6 УПРАЖНЕНИЙ ЛУЧШЕ, ЧЕМ ХОДЬБА — ДЕЛАЙТЕ ДОМА!

Петко и Цветко на час со откачената учителка

Петко и Цветко на час со откачената учителка

Мијалков: Со бегање не се решаваат проблемите

Мијалков: Со бегање не се решаваат проблемите

Список запретов в России на 2026 год – Как это коснется каждого?

Список запретов в России на 2026 год – Как это коснется каждого?

На Петко и Мина им врне во соба

На Петко и Мина им врне во соба

Јовановски: Вие сте предавници, безрбетници кои го продадоа светото име

Јовановски: Вие сте предавници, безрбетници кои го продадоа светото име

Сведоштво на малите хеори од стајковци за ноќта помината на ограда во борба за живот

Сведоштво на малите хеори од стајковци за ноќта помината на ограда во борба за живот

PADOBRANCI KUMANOVO skok Adzi Tepe

PADOBRANCI KUMANOVO skok Adzi Tepe

Не Заводите Малинуа, Пока Не Посмотрите Это Видео!

Не Заводите Малинуа, Пока Не Посмотрите Это Видео!

Она посмеялась над русским Спецназом – Чем закончился поединок на ножах с инструктором ССО?

Она посмеялась над русским Спецназом – Чем закончился поединок на ножах с инструктором ССО?

ЧТО СДЕЛАЛ АНДРОПОВ С НАСИЛЬНИКАМИ СВОЕЙ ДОЧЕРИ? КГБ ДЕЙСТВОВАЛ без пощады!

ЧТО СДЕЛАЛ АНДРОПОВ С НАСИЛЬНИКАМИ СВОЕЙ ДОЧЕРИ? КГБ ДЕЙСТВОВАЛ без пощады!

© 2025 dtub. Все права защищены.



  • Контакты
  • О нас
  • Политика конфиденциальности



Контакты для правообладателей: [email protected]