Демонски влијанија, Егзорцизам, Лични искуства со Демонски ентитети и борбата со нив | Филип Иванов
Автор: Wild Tales
Загружено: 2025-11-04
Просмотров: 19238
Во оваа епизода отвораме врата кон една тема која речиси никогаш не се обработува јавно – Демонски влијанија, Егзорцизам и лични искуства со демонски ентитети.
Пасторот Филип Иванов е човек со децениско искуство во духовна служба, кој со храброст и автентичност зборува за реалноста на духовниот свет, реалност каква што ретко можеме да слушнеме дека постои и на тој начин да научиме повеќе за неа.
Ова не е разговор за сензации, туку за вистини кои ретко се осмелуваме да ги погледнеме в очи. Пасторот ја открива скриената динамика на духовното влијание, начинот на кој демонските сили можат да продрат во човековиот живот, но и патот кон ослободување и мир преку верата.
Во епизодата ќе слушнете автентични сведоштва и лични искуства, моменти на духовна конфронтација и победа, и ќе дознаете зошто егзорцизмот не е мит, туку вистинска духовна пракса со длабока смисла и сила.
Ова е една од ретките можности да слушнете отворен разговор за теми што обично остануваат во тишина – разговор кој може да ви го промени начинот на кој гледате на духовната реалност.
---------------------------------------------------
Доколку сакате да го поддржите каналот, зачленете се на линкот:
/ @wildtalespodcast
За соработка можете да не исконтактирате на емаил:
wildtalespodcast@gmail.com
#wildtalespodcast #demoni #egzorcizam #filipivanov
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: