Малолетни деликвенти – меѓу детството и криминалот
Автор: Aleksandar Metodijev
Загружено: 2024-12-01
Просмотров: 176
Статистиката на малолетните престапници со странско државјанство во Германија покажува зголемен број на криминални дела. Бројот на осомничени деца со странско државјанство на возраст под 14 години се зголеми за 12 отсто во 2023 година, а на малолетници со странско државјанство за 9,5 отсто. Статистиката за тековнава година ќе биде објавена за три месеци.
Во прекуграничниот проект „Малолетни деликвенти – меѓу детството и криминалот“ го пренесуваме бројот на деца и малолетници со македонско државјанство, кои се појавуваат во германската статистика. Од кражби, телесни повреди и незаконски престој до вмешаност во компјутерски криминал и поседување, производство и дистрибуција на порнографија, спектарот на кривични дела е широк. Дури и деца помлади од 6 години биле осомничени за детска порнографија.
Северна Рајна-Вестфалија има најголем број осомничени криминални деца и малолетници во Германија. Го зедовме примерот на градот Оберхаузен, каде што децата ги тероризираа сопствениците на продавници. Една од нивните жртви даде интервју во кое опишува што и направиле овие деца. Учеството на обука организирана од полицијата за справување со говорот на телото во ситуација на страв и затворање на вратите на дуќаните се некои од мерките направени со цел да се заштити имотот.
Проектот ги анализира причините за криминалното однесување, во каква средина и македонските и децата на другите доселеници во Германија одат во училиште. Пренесуваме каква улога игра познавањето на јазикот во проблемот со криминалот. Ја анализираме и ситуацијата во земјата на потекло. Имавме можност да интервјуираме млади луѓе кои на возраст од 14 или 15 години имаат извршено убиста, палење на ресторан или кражба на пари, оружје и дрога.
Нашето истражување покажа намалување на бројот на ученици во македонските училишта и затворање на 45 училишни згради во последните 5 години, поради недостиг на ученици, и зголемување на број на ученици со македонско државјанство во Германија.
Процентот на деца во ризик во 2023 година во Македонија бележи тренд на зголемување од 13% во однос на 2022 година и 70% во однос на 2021 година. Погледнете го документарно-истражувачкиот филм „Малолетни деликвенти – меѓу детството и криминалот“, кој премиерно се емитуваше на ТВ Телма.
Благодарност до @journalismfundeurope за поддршката во изработката на овој материјал, како и онлајн текстовите, кои ќе следуваат од утре.
#sojo #SoJoEurope
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: