GALICNIK INSERTI I RAZGOVOR ZAVEАN PAT CISTENJE STOJANCE ANGELOV I PRETSEDATEL NA MZ GALICNIK
Автор: Центар за управување со кризи ЦУК
Загружено: 2021-12-27
Просмотров: 2860
ЦУК - По повик на завеани жители на село Галичник, Ангелов на терен
ТЕКСТ ЗА НАСТАНОТ И СТЕНОГРАМ ОД РАЗГОВОР ВО ИНСЕРТИТЕ.....
Стенограм од разговор на претседател на мз Галичник, Александар Костиќ и Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, снимен при увид на состојбата на со снег завениот, пат на потегот од Маврови Анови кон Галичник.
Стојанче: - На овие делови нема големи наноси.
Александар: - Овде е малку. Овде ќе помине од прва машината. Горе ќе заглавиме.
Стојанче: - Колку е таму длабокот?
Александар: - Можам само да претпоставам. Сигурно имаме места и со 1 метар. На Царевец можно е да има и повеќе од 1 метар. Меѓутоа оваа машина што ја донесоа верувам дека ќе има доволно снага да успееме да влеземе во Галичник.
Александар: - Ако се фати редот и ако се одржува патот постојано да е прооден, ако се попесочува постојано нема да дојдеме во ситуација да ангажираме тешка механизација, гасеничари. Значи, снегов кога е пепел’ав викаме ние, кога е тазе снег, кога е нов снег, многу полесно поедноставно се чисти, отколку ако чекаме да се наталожат неколку слоја еден над друг и потоа да замрзне.
Стојанче: - Дали е замрзнат сега снегот нагоре кон селото?
Александар: - Последниве денови и времето омекна така што претпоставувам дека горе е можно да е ваков помек, меѓутоа очигледно е дека е тежок снег.
Стојанче: - Како и да е, и со теренско возило не може да се отиде до селото. На места има големи навеви од околку 5-6 метри.
Александар: - Не, не. Нема можност. Вие сте поминале многу. И да земеме и Пинцгауер 6х6 нема да го исчистиме.
Стојанче: - Минатата година бевме поради истиот проблем во април. Оваа година доаѓаме во декември
Александар: - Да.
Стојанче: - Четири месеци порано, догодина уште порано.
Александар: - Минатата година... Секоја година е различно... Годинава ни падна побајаги снег на почеток на декември. Лани снегот падна многу доцна, крајот на март падна сериозен снег и затоа го пробивавме во април. Па се сеќавате после 7 дена имавме и друг немил настан. Во Галичник ни се случи пожар.
Стојанче: - Пожарите почнаа од кај Вас.
Александар: - На 2ри мај ни се случи пожар над Галичник.
Александар: - Сега сме се уште долу. Ќе видиме горе на колкав снег ќе наидеме.
----------------------------------------
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по пријава во ЦУК од постојани жители и претседателот на месната заедница на Галичник, изврши увид на состојбата на со снег завениот, пат на потегот од Маврови Анови кон Галичник.
Од страна на директорот Ангелов и Оперативниот центар во ЦУК, се контактирани надлежните субјекти најбрзо што можат да се ангажираат и да го расчистат патот кон Галичник од сегашните снежни навеви, во случајот Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Во ова прилика, уште еднаш ги повикуваме граѓаните во села и населби, каде што во зимниот период патиштата се во поголем дел непроодни и завеани, ако имаат сериозна здравствена или животно загрозувачка ситуција да го контактираат ЦУК на 195.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: