Изградба на градска магистрална улица траса од нас. Железничка до м.в. Рибник, општина Штип -РАБОТНА
Автор: Влада на Република Северна Македонија
Загружено: 2026-01-17
Просмотров: 446
Во Општина Штип се одвиваат интензивни градежни активности во рамки на проектот за изградба на градска магистрална улица која ќе ги поврзе населбата Железничка и месноста Рибник.
Во работната фаза се изведуваат активности на целата траса, кои опфаќаат изградба на коловоз, тротоари и атмосферска канализација. Проектот е дел од првата фаза и претставува значаен инфраструктурен зафат за унапредување на урбаната мобилност.
Со инвестиција од 151.458.884 денари, обезбедена од Министерството за транспорт, се создава современа магистрална сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста, ќе го олесни протокот на сообраќајот и ќе придонесе за побезбеден и поефикасен транспорт низ градот.
Проектот претставува важен чекор кон долгорочен развој на сообраќајната инфраструктура во Штип и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина.
#ПроектиЗаТрајнаПромена #СигурнаИднина #МакедонијаСеРазвива
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: