Како да се задржат лекарите во државата? И како да се мотивираат младите да работат во селата?
Автор: Црвена Линија / Crvena Linija
Загружено: 2025-11-26
Просмотров: 74
Во ниту еден сектор од здравствениот систем Македонија нема доволно човечки капацитети за да ги достигне стандардите на ЕУ и Светската здравствена организација – оцени министерот за здравство Азир Алиу. Одливот на кадар расте: за една година земјата изгубила над 500 лекари, а трендот, според Лекарската комора, е уште поголем. Многу млади лекари заминуваат во странство, дел не ги обновуваат лиценците, а дел целосно се откажуваат од професијата. Недостигот е највидлив во руралните средини – од планирани 96 матични лекари, активни се само 44. Пациентите патуваат десетици километри за основен преглед, а лекарите се соочуваат со ограничен превоз, тешки услови и ниски примања.
Како да се задржат лекарите во државата?
И како да се мотивираат младите да работат во селата?
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: