Почеток и крај на мундијалскиот сон !!!
Автор: Durgutov
Загружено: 2025-11-16
Просмотров: 402
Три децении неостварена желба, сонување, мечтаење, борба. Триесет неуспешни години да се пласираме на Светско фудбалско првенство. Некогаш послабите од нас, веќе одамна се далеку пред нас. И фудбалски и организационо и мотивациски и секако. Триесет фудбалски години, осум квалификациони циклуси товаривме на плеќите и никако да ни се посреќи. Се некако за малку, за малку повеќе или за многу... Се вртиме во маѓепсан круг и никако да блеснеме.
Од Лихтенштајн почна мундијалскиот сон во далечната 1996, од истото место ги почнавме и овие последни квалификации 2025.
Тука сме, го чувствуваме мирисот на мундијалот, но повторно нешто недостасува. Зарем не пораснавме доволно, зарем толку не бидува или пак ни недостасува среќа!?
Можеби пак, толку знаеме или толку можеме!?
Многу прашања летаат молњевито низ обелената глава, а одговори се помалку...
Нејсе, тука сме, се уште сонуваме, се уште веруваме. Иако не знаевме да го истрчаме полесниот и пократкиот пат (за директен пласман), сонот се уште трае...
Нека оваа последна шанса биде крајот на мојот сон, на нашиот сон, за конечно да се разбудиме среќни, горди, исполнети меѓу најдобрите во Светот.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: