80 godini KUD Tase Milosevski Resen, Prespa, Makedonija
Автор: PromoPrespa
Загружено: 2025-06-20
Просмотров: 795
Во Преспа, , традиционалното оро не е само начин на танцување – тоа е дел од идентитетот, гласот на предците , огледало на заедничката меморија. Неговото влијание врз колективната свест е длабоко вкоренето и постојано се пренесува низ генерации како невидлива нишка која ги поврзува минатото, сегашноста и иднината.Тоа е културен и препознатлив КОД и...кодот прерасна во БРЕНД. А тој бренд има име и се вика КУД Таше Милошевски. Со секое оро оживуваат сеќавања, имиња, ликови и настани што би паднале во заборав доколку не беа задржани преку мелодијата, ритмот, играорците,свирачите.А доколку тоа се прави во институционализирана и организирана форма која опстојува цели 80 години сигурно дека добива на својата тежина.... И важност - историска, социјална...Основано во далечната 1945 година, веднаш по војната со одлука на тогашниот Народен одбор, КУД Таше Милошевски наполни осум децении активна работа во зачувување и промоција на македонскиот фолклор. Се менуваа генерации играорци кои ја ширеа Преспа насекаде . Постојаноста и посветеноста кон орото создадоа чувство на доверба и гордост кај Преспани и кај сите кои потекнуваат од овие простори, а живеат расеани низ сите континенти (ги има баеги). КУД „Таше Милошевски“ не е само ансамбл – тоа е симбол на преспанскиот дух. Посветеноста на членовите кон работата и нивните настапи ја зацврстуваат нашата свест дека и ние сме дел од поширока културна приказна. Среќен 80-ти роденден. Јубилеј достоен за почит. (Н.С.)
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: