3. Евгенија Груевска - Балканском улицом
Автор: Korunovska music & singing
Загружено: 2021-02-07
Просмотров: 787
“Кога вокалниот раст на учениците е евидентен, меѓународно признаен и награден, тоа е раст и за педагогот и уште една добра причина да се продолжи музичката едукација со правилни патокази кон квалитетот и успехот.
Да бидат свои, да го почитуваат туѓиот труд, да се сакаат меѓу себе и да се радуваат на успехот на секое другарче, да се развиваат во рамките на своите можности со многу посветеност и трпение. Секое дете е личност и заслужува максимум љубов, почитување и верба во неговите способности. Музикалноста кај некои е поразвиена, кај некои се развива покасно затоа што постојат повеќе видови на музикалност врз кои влијаат многу фактори. Новите научни истражувања докажуваат дека музикалноста е вродена кај сите. Како што учиме да пишуваме, да одиме, да јадеме со љубов и трпение од родителите, можеме истото до го постигнеме и со развојот на музикалноста.
Тимот професори во Центарот за едукација Korunovska music & singing НЕ ги избира децата, едноставно ги развива сите, верува во секое од нив, во дејството на музиката врз целокупната личност на детето. Сметаме дека музиката е создадена за интелектуален, духовен и емотивен развој кај секоја индивидуа. Нам ни е најважна среќата во детските очи, и искрената насмевка на нивните лица додека работиме и твориме заедно, и секако радоста кога го покажуваат она што го научиле пред нивните најблиски, оние кои најмногу веруваат во нив !"- проф.М.Коруновска
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: