Симпозиум „Филозофската мисла во Македонија“ (втора сесија), СДФ 2021
Автор: Philosophical Society of Macedonia
Загружено: 2021-11-28
Просмотров: 177
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 18-ти пат го одбележаа Светскиот ден на филозофијата.
Годинава, централен дел на прославата беше симпозиумот на тема ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА ВО МАКЕДОНИЈА во којшто во три блок сесии зедоа учество единаесет (11) реномирани филозофи, професори и истражувачи од земјата и од странство. Во втората сесија која ја модерираше д-р Мартин Поповски учествуваа: проф. д-р Ристо Солунчев, проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Радомир Виденовиќ и Слободан Беличански.
Повод за организирање на симпозиумот „Филозофската мисла во Македонија“ беа 75 години постоење на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет (со настава на македонски јазик) и 65 години од основањето на Филозофското друштво на Македонија.
Настанот се одржи на 18 ноември (четврток) преку Zoom – дигиталната платформа, со почеток во 10:00 часот, а беше и пренесувана во живо (како live streaming), на ФБ страниците на Филозофскиот факултет – Скопје, на Институтот за филозофија и на Филозофското друштво на Македонија.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: