Светски ден на логиката 2024
Автор: Philosophical Society of Macedonia
Загружено: 2024-02-28
Просмотров: 57
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија оваа година по третпат го одбележаа Светскиот ден на логиката (14 јануари). По тој повод се организира онлајн предавање на тема: ФЕНОМЕНИТЕ НА КОМПЛЕТНОСТA И НЕКОМПЛЕТНОСТA ВО МАТЕМАТИЧКАТА ЛОГИКА со Данко Илиќ.
Д-р Данко Илиќ завршил додипломски студии на Природно–математичкиот факултет во Скопје, постдипломски студии на универзитетите во Гетеборг и Утрехт, а докторирал во 2010 година на француската Политехничка школа. Предавал на универзитетите во Штип и во Орхус, Данска. Работел како истражувач во францускиот Национален институт за истражувања во информатиката, а потоа како експерт за формални докази во индустријата. Во 2011 година, австриското друштво „Курт Гедел“ му доделило златен медал за истражувања во математичката логика. Неговите научни придонеси во теоријата на докази и во интуиционизмот се инспирирани од концептите развиени во теоријата на програмски јазици и овозможуваат нов конструктивен поглед на феномените на комплетностa, на аксиомите на избор, како и на мета-теоријата на интуиционистичката логика.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: