Зошто минималната плата е вечна тема, а решение - НИКАДЕ?
Автор: Црвена Линија / Crvena Linija
Загружено: 2025-12-23
Просмотров: 52
Eкономско-социјалниот совет се состана. Разговараа. Се разидоа. Со еден договор – да продолжат да се договараат. Минималната плата повторно беше тема, но одлука – нема. Синдикатите бараат 600 евра за преживување, владата има формула за покачување, но во март, а работодавачите велат – може, ама не сега и не сами. И така веќе со месеци.
Истите аргументи, истите ставови, истите изјави, исти плати. Само цените не останаа исти.
Сите се „за“ зголемување, ама никој не го прави.
Додека владата, синдикатите и работодавачите пресметуваат кој колку може, работниците секој месец пресметуваат што и како до следниот први.
Дали ова е социјален дијалог или одолговлекување без рок?
Колку долго ќе се договараат за минималната плата?
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: