Македонци дали сте спремни за вашиот дигитален идентитет и новата ера?
Автор: Рацин.мк
Загружено: 2025-10-04
Просмотров: 78
Македонија официјално ја отвори вратата кон „личната карта во телефонот“. На Западнобалканскиот дигитален самит во Скопје (2 октомври 2025), премиерот најави амбиција до крајот на мандатот сите јавни услуги да се преселат онлајн, со целосен дигитален идентитет за секој граѓанин и пристап до институциите преку мобилен телефон. Истовремено, како пример беше презентирана апликацијата „М-Услуги“ — дигитален паричник за документи и услуги на едно место. Најавата звучеше како резиме на долгогодишна фрустрација со шалтерани лавиринти: „економска моќ“, „граѓански стандард“, електронска трага наместо сто параграфи.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: