Емил Рајковиќ за анегдотата со Докузовски пред легендарниот меч за титула на Работнички во 1999!
Автор: PRESING
Загружено: 2025-04-28
Просмотров: 889
➡️ Емил Рајковиќ за анегдотата со Марин Докузовски пред легендарната мајсторка меѓу Работнички и МЗТ Скопје во 1999 во која Рајковиќ со пет тројки ја донесе титулата за тимот од Градски Парк‼️
📍 Дел од разговорот во втората епизода на спортскиот подкаст на ЕКИПА - „ПРЕСИНГ - со Емил Рајковиќ и Марјан Илиевски.
💬 „Игор Михајловски се повреди, па некако се навестуваше дека ќе добијам поголема минутажа на мајсторката за титула. Во серијата беше 2-2, а одлучувачкиот меч го игравме во “Јане Сандански“. Имавме обичај на денот на мечот заеднички како тим да шетаме низ паркот, кај нас во Градски Парк, и во еден момент тренерот Марин Докузовски онака, секогаш шеговито, разговорно ми се обрати: 'Ко..љ ако те ставам вечер, ќе дадеш две-три тројки? А, јас, самоуверен му враќам: 'Пет ќе дадам'. На тој начин сакаше да ми навести дека ќе имам поголема минутажа. Јас максимално психолошки се подготвив за тоа, и на крајот ете постигнав пет тројки кои ја донесоа титулата“.
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: