Gulas od zajak | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-09-26
Просмотров: 3442
ГУЛАШ ОД ЗАЈАК
за 6 лица
1 зајак
1 литар млеко
150 г кромид
100 г црвена пиперка
70 г зелена пиперка
200 мл кисела павлака
1 пилешка коцка за супа
1 лажица црвен пипер
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 часа.
Зајакот го сечеме на парчиња. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ги промешуваме парчињата месо за да ги впијат зачините. Ги ставаме во длабок сад, ги преливаме со млекото и оставаме да отстојат 24 часа во фрижидер. Потоа ги ставаме парчињата зајак во цедалка за да се исцеди млекото.
Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
Исцедените парчиња месо од зајак ги сушиме со кујнска крпа и ги пржиме на загреано масло во друго тенџере на оган. Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето со поруменетото месо. Откако кромидот ќе омекне посолуваме, и ги додаваме црвениот пипер и супата од коцка. Го покриваме тенџерето со капак и вариме 60 минути. Зелената и црвената пиперка ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња. Ги додаваме во тенџерето и вариме уште 30-тина минути. Потоа во тенџерето ја додаваме киселата павлака, промешуваме и го тргаме од оган.
На едната страна на чинија за сервирање со калап во форма на куп нанесуваме претходно сварен ориз. Потоа на чинијата го сервираме Гулашот од зајак и декорираме со листови магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: