Ако никој не му дал дозвола на Зимзоленд, зошто сè уште работи?
Автор: Црвена Линија / Crvena Linija
Загружено: 2025-12-11
Просмотров: 316
Зимзоленд работи турбо!? Организаторот на забавниот парк потврди дека има договор за закуп и дозвола за работа од Општина Аеродром. Но, од општината негираат дека дале дозвола и дека немаат одговорност и посочуваат дека надлежен е Град Скопје. Општината и Градот си ја префрлаат топката, уверени дека ако не дале дозвола – автоматски се ослободени од одговорност.
Нема дозвола – нема ни забрана!?
Кога сите ја префрлаат топката – кој треба да ја даде дозволата? Кој се плаши да потпише? Кој бега од одговорност?
Дали повторно чекаме да стане „од играчка – плачка“? И најважното: верувате ли дека некој ќе преземе акција?
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: