„Сејф сити“ е добредојден, но дали институциите се доволно подготвени?
Автор: Црвена Линија / Crvena Linija
Загружено: 2025-12-02
Просмотров: 213
Започна со работа „Сејф сити“ систем што препознава сообраќајни прекршоци и го информира МВР за сопственикот според регистарската табличка. Во МВР ја проверуваат секоја евидентирана казна и испраќаат СМС и е-пошта на сопственикот за сторениот прекршок и казна што треба да се плати во рок од 8 дена со 50% попуст. Но, за среќа на возачите казни ќе се испраќаат дури по Нова Година, а до тогаш само опомени. Во првите 12 часа во пробното работење на системот „Сејф сити“ регистрирани се 65.000 прекршоци. Не е спорно дали ни треба „Сејф сити“, туку дали системот е добар, јасен и фер за граѓаните?
Дали сме подготвени како држава за ваква дигитална промена во сообраќајот?
Дали треба да има „Сејф сити“ и за пешаците, велосипедистите и тротинетите?
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео mp4
-
Информация по загрузке: